Главниот град на Македонија веќе неколку денови е во врвот на црната листа на загадени градови.
Скопје е меѓу десетте градови со најмногу загаден воздух, објави швајцарскиот портал IQAir, кој објавува податоци за квалитетот на воздухот низ светот.
Вечерва, пак, Скопје е на второто место во светот по загаденост со 282 микрограми на кубен метар штетни честички по здравјето на граѓаните.
Позагаден град во светов од Скопје, според наведениот извор, е само Лахоре во Пакистан со 305 микрограми на кубен метар штетни честички.