Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден.
Во три била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 37 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не користење сигурносен појас и 18 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Од сообраќај биле исклучени 18 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири технички неисправни и 14 нерегистрирани возила.
Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.
Затекнати биле 98 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила.
Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ПОУ „Круме Кепески“ на подрачјето на општина Кисела Вода, со ученици од четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.