Дваесет и едногодишно момче и 48-годишен маж загинаа во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Несреќата, како што информира МВР, се случила околу 22 часот при судир на две возила „голф“ и „пежо“. На самото место загинаа 21-годишниот Ш.С. од село Батинци и 48-годишниот З.Ѓ. од Драчево.
На местото на несреќата е извршен увид, по што треба да се утврди причината за оваа тешка сообраќајна несреќа. Телата на починатите се предадени на обдукција.