Царскиот орел, што беше спасен од пожарите на Пониква угинал пред два дена во Скопската зоолошка.

Орелот по угинувањето бил однесен на Факултетот за ветеринарна медицина-ФВМ при УКИМ, Скопје каде што од страна на стручни лица – професори, се врши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето, информираа надлежните.

Македонското еколошко друштво по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе ја соопшти причината за смртта на царскиот орел.

Кочанските пожарникари го спасија орелот кој беше пронајден заглавен во громобранска инсталација на викендичка на Пониква.