Авиосообраќајот на скопскиот аеродром повторно се одвива отежнато поради маглата.
Дел од летовите се откажани, а дел од оние што се треба да се реализираат, се очекува дека ќе доцнат.
Според веб страницата на скопскиот аеродром, откажани се полетувањата и слетувањата за и од Истанбул и Атина, додека летот од Доха на „Катар ервејс“ е пренасочен за Софија. Најавено е доцнење на летовите од Виена.
Утринава до 8 часот беа реализирани сите планирани полетувања и слетувања на скопскиот аеродром.
СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Поради маглата повторно откажани повеќе летови
