Во текот на изминатите денови (22, 23 и 24.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 21 сообраќајна незгода од кои една сообраќајна незгода со загинати лица, една со тешки телесни повреди, девет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 10 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 13 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 148 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 106 возачи од кои: 42 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 45 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 19 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 26 возила бидејќи 25 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно.

Санкционирани се 16 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, двајца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи поради непоседување пропишана зимска опрема. 17 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатите денови издадени се 276 мандатни платни налози и 183 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.