Во текот на викендот во Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил пешак, во 11 со полесни повреди се здобиле 17 лица и во 11 е причинета материјална штета.
Во текот на изминатиот викенд во Скопје се санкционирани 159 возачи за брзо возење, 16 возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, 51 возач за не користење на заштитен шлем, 11 возачи за неносење сигурносен појас и 29 возачи за користење мобилен телефон при управување на моторно возило, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција издала 206 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 139 возила.
Од сообраќај се исклучени вкупно 61 возач, од кои 50 пред да се стекнат со право на управување и 11 почетници, како и четири технички неисправни и 62 нерегистрирани возила.
Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ПОУ „Круме Кепески “ на подрачјето на општина Кисела Вода, со ученици од второ одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.