Еден возач на мотоцикл загина, три лица се здобиле со потешки, а 14 со полесни повреди во вкупно 29 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 12 од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.
Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 253 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 112 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои 50 поради управување под дејство на алкохол, 52 без стекнато право на управување со моторно возило и 10 возачи почетници.
Од сообраќај полицијата исклучила 57 возила и тоа едно што било технички неисправно, а 56 зашто не биле регистрирани.
Непрописно паркирани биле 156 возила, а пајак службата подигнала 104 возила.