Три лица  се здобиле со тешки, а четворица со лесни телесни повреди во седум сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во една сообраќајна несреќа е причинета материјална штета.

Според полицискиот извештај, 64 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, седум возачи возеле под дејство на алкохол и десет возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и еден возач почетник.

Исклучени од сообраќај биле и 12 нерегистрирани возила.

Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 63 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 54 возила.

Полицијата санкционирала и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и пет за неправилно престројување.