Две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно шест сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во четири била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 49 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, пет возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, четворица возачи за не носење сигурносен појас и 19 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.
Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 18 возачи, од кои двајца што управувале возилото под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач почетник, како и 10 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 71 возило непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 69 возила.