Во текот на изминатот ден (14 февруари 2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, три сообраќајни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и четири лица лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 37 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени осум возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, четворица управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи шест биле нерегистрирани и едно возило било технички неисправно.
Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, осум поради неправилно престројување, пет поради непоседување пропишана зимска опрема, шест поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 99 мандатни платни налози и 80 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.