Едно лице загинало во една од вкупно две сообраќајки што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје.
Во другата сообраќајка полесно е повредено едно лице.
Според дневниот извештај на СВР Скопје, изминатото деноноќие се санкционирани 54 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 21 возач пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест возачи почетници. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 15 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.
За користење мобилен телефон сакционирани се 32 возачи, а за неносење сигурносен појас 17 возачи. Санкционирани се и осум возачи за неправилно престројување, како и тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Евидентирани се и тројца возачи на мотор, мопед или мотоцикл поради тоа што не носеле заштитен шлем.
Од СВР Скопје информираат дека денеска ќе се реализираат едукативни работилници во СУГС „Сарај“, а во текот на вчерашниот ден во Кисела Вода е спроведена сообраќајна поука за граѓани кои направиле различни прекршоци во својство на возачи.