Едно лице загина, а шест се здобиле со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди што се случиле изминативе 24 часа на подрачјето на Град Скопје.

Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на МВР, полицијата исклучила од сообраќај 13 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и двајца возачи почетници.

Полицијата од сообраќај исклучила 14 технички неисправни возила. Евидентирани биле и 68 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 57 возила.

Казнети се и 14 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, двајца возачи кои поминале на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување, двајца за неносење сигурносен појас и седум за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.