Еден возач и еден пешак го загубија животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а други 12 со лесни, во вкупно 15 сообраќајки што се случиле вчера во Скопје.
По преземените активности и мерки на подрачјето на СВР Скопје, информираат денеска од полицијата, исклучени од сообраќај се вкупно 13 возачи. Четворица од нив управувале возило под дејство на алкохол, седум биле без возачка дозвола, додека двајца биле возачи почетници. Исклучени од сообраќај се шест не регистрирани возила.
Во текот на вчерашниот ден пајакот подигнал 40 возила.
Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).