Тринаесет сообраќајни несреќи се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје, а во нив седум лица се здобиле со лесни телесни повреди. Како што соопшти МВР во осум од сообраќајните незгоди е предизикана материјална штета.

Од сообраќај се исклучени 12 возачи кои управувале со технички неисправни возила,  додека „пајакот“ кренал 68 возила.

Казнети се и тројца возачи кои не давале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, 18 за зборување на мобилен при возење, а 15 за неносење сигурносен појас.