Репрезентацијата на Италија денеска на својот прв натпревар во рамките на Светското кошаркарско првенство во Кина постигна убедлива победа над Филипини со резултат 108: 62.
Филипинците апсолутно не можеа да дадат отпор на одличната игра на Италија, која само во првата четвртина направи 29 поени разлика. После 10 минути резултатот беше 37: 8.
Иако Филипинците делуваа нешто посериозно во вториот дел, тие не беа во можност да го запрат постојаниот раст на предноста на Италијанците, кои имаа лесна задача во второто полувреме да ја доведат играта до крај.
Во последниот дел, предноста на Италија надмина 50 поени разлика, а на крајот Датоме, Галинари, Хакет и другите влегоа во многу убедлив триумф.
Кај Италијанците Дела Вале и Датоме постигнаа по 17 поени, додека за Филипинците Перез постигна 15 поени.