Основниот граѓански суд Скопје пресуди дека претседателката на Здружението „Транспаренси интернешенал“ – Македонија, Слаѓана Тасева, е одговорна за клевета кон ГСОЛ и „Еуроникел Индустри“.

Според пресудата, Тасева на прес-конференција одржана на 25 април 2018 година изнела невистинити искази во однос на стечајната постапка на поранешниот комбинат „Фени“, кои се однесувале на ГСОЛ и „Еуроникел Индустри“, со намера да наштети на нивната репутација.

Согласно судската одлука, направена е штета по угледот на новиот инвеститор, поради што Тасева се задолжува јавно да ја објави споменатата пресуда во некој од дневните печатени изданија, со цел минимизирање на причинетата репутациска штета.

Од друга страна, Судот цени дека нема прекршок од страна на организацијата „Транспаренси интернешенал“.