По овој пеколен бран кој до крајот на оваа недела во најтоплите региони од државава ќе услови температури и до околу 40 степени веќе од недела попладне и навечер а особено во текот на следната недела повторно ќе има дестабилизирање на атмосферата па така особено во попладневните и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера поради влијанието на топлотниот бран и поради енергијата која ќе ја има истата локално процесите има услови да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Поради малку посвежа воздушна маса во текот на следната недела температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање. Исто така ново невреме во текот на следната неделасе очекува да го зафати и регионот.
Подготви: Славчо Попоски