Цариници на граничниот премин Ватин спречиле возач на камион да изнесе од државата 25.000 непријавени евра во чорап, кој го носел на себе, соопшти Царинската управа на Србија.

Прекршокот бил сторен вчера, околу 21 часот, кога на контролниот пункт пристигнал камион со регистрација на Нови Пазар, зад чиј волан се наоѓал 61-годишен српски државјанин од Краљево, кој се упатил кон Романија за товарење стока.

Во џеб од пантолоните, кои ги носел, биле пронајдени 10.000 евра, износ дозволен за поминување преку границата без пријавување, но во левиот чорап ставил кеса со 25.000 евра, кои немал намера да ги пријави.