Единасетгодишниот Лу Зикуан од Кина стана херој во својата земја и на интернет, поради неговата решителност да го спаси животот на својот татко.

Имено, на татко му му била дијагностицирана леукемија пред седум години. Минатиот август, неговото здравје драстично се влошило и докторите го информирале дека единствена можност за подолг живот е пресадување коскена срцевина.

По тестирањето за можни дарители, откриено е дека одговара само Зикуан. Тој тогаш имал 10 години, но сепак, за неговиот татко да биде спасен, се согласил на операција.

Но, се појавил друг проблем – момчето имало маса од само 30 килограми, па докторите им рекле дека операцијата е невозможна доколку детето не добие барем 15 килограми повеќе. Така, Зикуан почнал да јаде што е можно повеќе масна храна.

– Лекарите ми рекоа дека мора да има барем 45 килограми за да дарувам коскена срж. Идеалната тежина е 50 килограми. Но, дури и ако боли, ќе продолжам да јадам. Нашето семејство не смее да го загуби мојот татко, изјави Зикуан.

Детето јаде петпати на ден. Дневниот трошок за храна е само товар плус за семејството, покрај болеста на таткото.

Но, задачата на детето е пред исполнување – тој речиси ја има достигнато тежината од 45 килограми, но вели дека ќе продолжи да јаде, оти докторите му рекле дека е подобро да биде што „подебел“ пред операцијата што следи.

Со својот подвиг, тој стана миленик на интернет заедницата.