Во вечерашното гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24 гостување членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески каде посочи дека воопшто не е погоден моментот за нова даночна реформа заради неколку причини.

„Прво соочени сме со голема неизвесност, ние не знаеме што ќе се случи, нели како македонската економија ќе се снајде во наредниве неколку 4 месеци претстојната зима затоа што најавите со енергетската криза не се воопшто поволни“, рече Славески.

Славески додаде дека доколку состојбата продолжи како што и најверојатно ќе продолжи дека ќе имаме сериозен удар во економијата.

„Второто нешто е тоа што реформа е хендикеп да се прави кога немате поддршка од значителни фактори во општеството. Сега стопанските комори се изречито против ова што го предлага министерството за финансии“, кажа Славески.

Славески потенцираше дека потребни се дополнителни средства.

„Министерството за финансии има начин од она што се предлага досега во дебатите да се обезбедат тие средства. Да се зајакне финансиската дисциплина, товарот да не паѓа на оние кои редовно плаќаат даноци туку да се прошири даночната основица на тој начин оние што не плаќаат и наоѓаат дупки во законот да плаќаат повеќе даноци, борбата против сивата економија и во краен случај она што и ќе мора да се направи, штедење на расходната страна од буџетот“, посочи Славески.