Нашата Охридската Архиепископија која е столб на (симбол знаменце на Македонија з.н.) национален идентитет, официјално е примена во канонско единство во сеправославниот христијански свет!
Ова денеска го истакнува министерката за одбрана Славјанка Петровска, која заедно со Димитар Ковачевски, Бујар Османи, Оливер Спасовски и други е на заедничката литургија во Истанбул.
– Со заедничкото денешно богослужење и врачувањето на актот за прифаќање во литургиско единство од Вселенскиот Патријарх на Архиепископот г.г. Стефан е направен голем исчекор до добивање на Томос за целосна автокефалност и благодариме за поддадената рака. Благодарност и за оддадената чест на премиерот, Димитар Ковачевски, на литургијата да го прочита Симболот на верата во име на македонскиот народ, на македонски јазик, како потврда за нашата македонска посебност и идентитет. Честитки до Архиепископот г.г. Стефан, Светиот Архиерејски Синод на нашата Црква, верниците и сите граѓани од државата. Овде во седиштето на Вселенската патријаршија добивме уверување дека целиот процес на признавање на автокефалноста наскоро ќе заврши со потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј. Благодарение на Одлуката на Вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и потоа нејзино прифаќање од СПЦ се прекина повеќедецениската сестрана изолација и етаблирање на нашата возобновена Охридска Архиепископија како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена што е голем успех на нашата Црква, народот и државата, објави Петровска на својот офцијијален профил на Фејсбук.
Таа во прилог објавува и повеќе фотографии од денешната литургија на која учествува со владината делегација. Никаде во објавата не се споменува името на државата (Македонија) и името на МПЦ.