По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Република … Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје, соопшти МНР.
Според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност, стои во соопштението на МНР.
Оттаму додаваат дека дипломатско-конзуларната мрежа на Македонија во Грција е активна, и покрај редовните известувања, стои на располагање и за евентуални потреби на нашите институции.
Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот.