Локомотивата со број 462-002, која беше надвор од употреба повеќе од пет години, од денеска ќе профункционира, соопштија од Македонски железници АД Транспорт.

– Денеска сме тука да прославиме еден од нашите успеси, по цели шест месеци посветеност. Многу е важно да се спомене фактот дека за поправка на оваа локомотива заштедивме 500.000 евра со тоа што ја извршивме потребната поправка со сопствени капацитети што ги поседуваме. Нашата работа и визија беше ова, со максимална посветеност на секои 5-6 месеци да пуштиме во употреба локомотива која со години и години беше нефункционална, соопштија од МЖ Транспорт.

Очекувањата на Македонски железници се дека ставањето во функција на оваа локомотива ќе ги зголеми приходите на еден од најголемите загубари во Македонија.