Речиси половина од вкупната популација на Словачка или 2,5 милиони од 5,5 милиони жители вчера беа тестирани на корона вирусот, откако Владата се реши да ја спроведе идејата во два викенда (акоуспее и во еден) да ги тестира сите жители со цел да ја стави епидемијата под контрола.
Според министерот Јарослав Наѓ во сбаотата биле тестирани 2,58 милиони Словаци, а од нив, 25 850 биле позитивни што е околу 1 отсто.
Се уште е непознато дали денеска ќе бидат тестирани останатите 2,5 милиони, освен децата до 10 години или тоа ќе остане за следниот викенд.
Операцијата е спроведена со помош на 40 000 медицнски лица, војници, полицајци и административци. Тестирањето е бесплатно и доброволно, но Владата се закани дека ќе ги стави во изолација тие кои нема да се тестираат и ќе им забрани да одат на работа, што фактички тестирањето го прави задолжително.
Словачка и пред ова тестирање беше меѓу земјите со најмал број заразени и најмал број починати од корона вирусот, во Европа но и во светот воопшто, но последнот месец бројката на позитивни почна рапидно да се зголемува, па имаше денови кога позитивните беа и по 2 000 лица.
Независно од ова, тече и редовното тестирање. Последните податоци покажаа дека Словача регистрирала 2 282 позитивни случаи во еден ден. Вкупниот број изнесува 59 946 досега откриени случаи. Вкупниот број на мртви е 219.
На милион жители, Словачка има 10 978 позитивни и 40 починати.
Македонија на еден милион жители има 15 569 позитивни и 502 починати (вкупно 1004).
Забележливо е дека иако има откриени речиси 60 000 позитивни случаи, Словачка има помалку од 0,1 смртност меѓу нив.