Вчера, во Словачка се забележани седум нови случаи на зразени од корона вирусот, со што вкупниот број на позитивни кои досега се регистрирани, изнесува 2 344.

Вчера биле тетсирани 585 лица, па седумте позитивни изнесуваат 1,3 отсто од тестираните.

Вкупниот број на починати во Словачка изнесува 29 лица. Во болниците има 13 лица кај кои е потврдена инфекцијата и 16 кај кои не епотврдено.

На интензива нега е еден пациент.

Инаку, Словачка има нешто над 5 милиони жители. Има извршено околу 250 000 тестирања или поточно нешто над 48 000 на еден милион жители.

Македонија има извршено околу 50 000 тестирања на еден милион жители, така што во тој поглед не постои голема разлика. Но затоа, ние имаме над 11 000 позитивни и близу 500 мртви, додека Словачка има 2 344 позитивни и 29 мртви. Севкупно.

Нема податоци дека во Македонја некој се занимава со „словачкото чудо“ и дека постои рецепт кој од таму моежеме да го преземеме.

Не постои држава аво Европа која има помали бројки за заразени и мртви од Ковид 19.