Пристигнати во Македонија, поставени со целокупната опрема која ја носат со себе. Словенечкиот тим во последни подготовки и координација пред да започне со гаснење на пожарот кај Берово.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов разговараше со Роберт Шкрљ, човекот кој е лидер и го предводи тимот од Словенија.

Шкрљ истакна дека денес пристигнале во Македонија како одговор на земјава за помош.

-Нашиот модул се состои од 61 член, од кои 42 се доброволни и професионални пожарникари, специјализирани за шумски пожари. Модулот има и 17 возила, од кои 7 се специјализирани за шумски пожари. Во моментов, се подготвуваме во координација со локалните власти за да започнеме со гаснење на пожарите, вели Шкрљ.

Во гаснење на пожарот е вклучен и чешкиот Блек Хок кој пристигна во Македонија вчера попладне.

