Мобилна болница изградена и поставена во касарната Едвард Пеперко, е подготвена за прием на болни. Министерот за одбрана на Словенија Матеј Тонин изразил надеж дека болницата нема да биде потребно да се активира за заболени од Ковид 19, јавија медиумите во Словенија.
Болницата со 140 кревети, од кои 40 за тешко болни, е така направена што по завршување на кризата лесно ќе се преадаптира во болница за останати болни или да добие друга намена.
Целта е да бидеме подготвени за зголемување на бројот на болни. Се надевам, сепак, дека до тоа нема да дојде, изјавил Тонин.
Додкеа Тонин отвораше болница, истовремено, нашата министерка се пофали дека на Криволак отворила пункт во кој ќе се сместуваат патниците од странство за кои постои таква потреба.