Либија, Авганистан и Сомалија се најопасните земји во светот, додека Финска, Норвешка и Исланд се оценети како најбезбедни.
Тоа го покажуваат податоците на безбедносните експерти на компанијата International SOS and Control risk, која се грижи за медицинска и безбедносна помош. Земјите означени со темно црвена боја на интерактивната мапа се најлошо оценети, додека оние означени со зелено се најбезбедни.
Од земјите во регионот за најбезбедна е прогласена Словенија, а најнебезбедна е Косово. Словенија е оценета како држава со незначителен ризик, а Косово со среден ризик. Македонија, Србија, Унгарија, БиХ, Хрватска и Црна Гора се оценети како земји со низок ризик.