Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Словенија, во земјата се регистрирани 13 нови случаи на новозаразени со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Последните информации покажуваат дека има намалување на бројот на хоспитализирани поради Ковид-19, па така во овој моменти болнички се лекуваат 90 пациенти. На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 26 пациенти кои имаат потешка форма на болеста.
Во изминатото деноноќие од болница се отпуштени две лица, а четири починале како последица од Ковид-19.
Домовите за стари лица остануват жаришта на инфекцијата, каде се појавуваат и најголем дел од новите случаи.
Речиси сите починати од коронавирусот се постари луѓе со придружни болести.