Како што јавуваат медиумите во Словенија, директорот на тамошниот Завод за стокови резерви, Антон Закрајшек, денеска ги смирувал граѓаните на Словенија истакнувајќи дека државата има доволно продукти од сите видови за населението.
Според Закрајшек, тоа не е така со заштитната опрема, иако нема посебен недостаток, но имаат проблем поради застој во набавките. Сепак, истакнал Закрајжек, Владата до среда ќе набави 1,5 милиони маски кои ќе и бидат дадени на Цивилната заштита да ги дели на граѓаните.
Во поглед на застојот со набавка на заштитна медицнска опрема, Закрајшек истакнал дека се разгледува можноста за таа цел, Словенија да испрати во Кина посебен авион со кој потребната опрема, која вклучува пред се респиратори и маски, ќе биде донесена.