Одлуката на Владата на Словенија за забрана за движење вон матичните општини, воведена на 18 март, престанува да важи од денеска, објави премиерот Јанез Јанша, најавувајќи ново олабавување на мерките.

– Владата в четврток ќе го укине општото ограничување за движење само на подрачјето на општината, а в понеделник ќе биде проследено со постепено започнување на голем број активности што може да се спроведат со придржување кон мерки за здравствена заштита, напиша премиерот Јанша во пораката на Твитер по владината седница.

„Масовните настани со голем број на луѓе веројатно нема да бидат можни додека не се открие вакцината или лек за Ковид-19 и не почне да се користи“.

Вопосебна видео порака премиерот рече дека до очлеснување на некои други мерки ќе има „во следните недели и месеци“.