Во Словенија од денеска се наплатуваат брзите антигенски тестови за присуство на коронавирус во организмот, што досега беа бесплатни, а со оваа одлука владата сака да ја стимулира побрзата вакцинација на населението против Ковид-19, додека од плаќање се изземени оние на кои тестирањето им треба за работа.
Таквото тестирање досега беше бесплатно за сите, и се користеше претежно за патувања или активности за кои беше потребна сертификат за Ковид-19. Отсега, па барем од 6 септември, на места каде што се вршат вакви тестирања, луѓето ќе треба да докажат дека им треба тестирање поради работа, а во спротивно ќе им се наплаќа меѓу 10 и 12 евра.
Бесплатно тестирање на антиген се уште е можно за угостители, педагошки работници, вработени во продавници и старечки домови и други социјални институции, вработени во здравствена заштита, и тие ќе можат бесплатно да се тестираат со потврда од работодавачот.
Со престанокот на финансирање на брзото тестирање преку државниот буџет, владата сака да го зголеми интересот за вакцинирање против Ковид-19, бидејќи само 41,8 проценти од вкупното население досега е целосно вакцинирано, помалку од очекуваното и под нивото што ќе овозможи подобра контрола на епидемијата во очекуваниот есенски бран.