Под насловот „Скандал! Блиски соработници на левичарскиот северномакедонски премиер Заев, добар пријател на Тања Фајон, обвинети за вршење пртисок на угледна меѓународна здравствена компанија“, словенечката телевизија Нова 24 ТВ ја запознава тамошната јавност со аферата актуелна кај нас, „Рекет 2“, но донесува и детали кои досега не ѝ беа познати на македонската јавност.
Во текстот објавен доцна синоќа се открива како второосмничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец, е поврзан и со аферата „Рекет 2“. Иако директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев на новинарски прашања колку добро се познава со Кичеец, од говорницата во Владата тврдеше дека го знае од телевизија, според сознанијата на словенечкиот новинар Рајко Голоб, автор на текстот, нивното познанство е далеку подлабоко.
Во продолжение интегралниот текст на словенечкиот новинар Голоб.
-Северна Македонија ја тресе нов скандал, во чијшто центар се двајца блиски соработници на македонскиот премиер Зоран Заев, кој важи за добар пријател на словенечката европратеничка Тања Фајон, но и на Џорџ Сорос.
Станува збор за директорот на ФЗОМ Ден Дончев и минстерот за здравство Венко Филипче, кои се обвинети дека влијаеле на шведски инвеститор да се откажат од купувањето на македонската здравствена установа „Диамед“ за 11,5 милиони евра. Не ги спречило ниту предупредувањето од кривична истрага, до која и дојде на крајот, а која ја води обвинител познат по контроверзните одлуки на штета на опозицијата и во корист на македонската влада.
Наведените функционери се обвинети за злоупотреба на службената положба во врска со продажбата на „Диамед“, зделка вредна 11 милиони евра. Обвинети се дека заради лична корист влијаеле на инвеститорот да се откаже од купувањето на северномакедонската фирма која во земјата има центри за дијализа.
Дончев, близок соработник на Заев, сакал да го одврати шведскиот здравствен гигант да вложи во Македонија. Тоа го сторил така што ја довел во заблуда шведската компанија дека нејзиниот локален партнер, приватната здравствена установа „Диамед“, фирма-ќерка на компанијата „Метрополитен“, е под кривична истрага. Во 2014 година „Метрополитен“ со тогашната влада потпишала 20-годишен договор за концесија за дијализни услуги што требало да ги нуди „Диамед“, а проблемот настанал кога сопственичката Вера Иванова решила да ја продаде фирмата на шведскиот купувач.
Вмешаноста на озлогласениот Зоран Милески
-Зад сето ова очигледно стои желбата на македонската влада за преземање профитабилни компании. Откако сопственичката на „Диамед“ на 25 октомври минатата година го потпишала купопродажниот договор со шведската компанија, добила повик од озлогласениот Зоран Милески, кој е близок со македонскиот премиер, но и со локалното подземје. Тој побарал од неа веднаш да го повлече потписот, а доколку не го стори тоа, ѝ се заканил на Иванова дека против неа ќе биде покрената кривична истрага. Без оглед на сè, Иванова го отфрлила барањето на Милевски. Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на фирмата „Диамед“. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на „Диамед“ стекнати од продажбата на „Диамед“ на шведскиот стратешки партнер.
Случајот предадаен на обвинителката наклонета кон Владата на Заев
-Дончев сè уште тврди дека го познава Милески од телевизија и покрај доказите кои упатуваат на спротивното, како на пример дека Милевски ќе присуствува на најмалку три состаноци во канцеларијата на Дончев. Освен тоа, најспорно е што предметот ѝ е доделен на Рускоска, која е позната по контроверзните одлуки на штета на опозицијата и во корист на македонската влада. Благодарение на неа, членовите на македонската влада се практично недопирливи за судовите.
Скандал од меѓународни размери
-Договорот за дијализни услуги склучен на 20 години меѓу „Диамед“ и Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, ја обврзува здравствената установа да инвестира во овој сектор. Во меѓувреме Дончев ја обвинива за целосен монопол во земјата, што претставува намерно лажење на јавноста. Деталното испитување на состојбата покажува дека има најмалку 5 други субјекти за дијализа во земјата. Треба да се потенцира и дека реномираната шведска компанија е под постојан притисок за изнуда од страна на државата откако е влезена во „Диамед“. Оттука, повеќе од очигледно е дека скандалот веќе добива меѓународна димензија.