Повеќе од 50.000 луѓе потпишаа петиција со која ја обвинуваат компанијата „Дизни“ за колонијализам и неетичко присвојување, бидејќи со патент ја заштила свахили фразата „Хакуна матата“, објави „Гардијан“.

Значењето на тваа фраза е „без проблеми“ на свахили јазикот што се говори ширум источна Африка и е мајчин јазик во Кенија, Танзанија, Уганда и Конго.

Петицијата, со која се повикува компанијата „Дизни“ тој термин да не го користи за комерцијални цели, доaѓа откако компанијата најави римејк на анимираниот филм „Кралот лав“ во следното лето, а за кој гласовите ќе ги позајмат Бијонсе, Дени Гловер и други.

Терминот бил популаризиран од страна на кенискиот бенд „Them Mushrooms“, чиј платинест сингл Jambo Bwana ја содржи таа фраза.

„Дизни“ фразата ја искорсти во првата верзија на приказната за кралот лав во 1994. година, а песната „Хакуна матата“ е напишана од страна на Елтон Џон и Тим Рајс.

Девет години подоцна, „Дизни“ го заштити и го патентираше изразот како заштитен знак и дел од брендот.