Вториот од двајцата Руси осомничени за обид за труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија, е лекар во руската воена разузнавачка служба (ГРУ), објави истражувачкиотпортал Белингкет.

Тие наведуваат дека неговото вистинско име е Александар Јевгениевич Мишкин (39), а не Александар Петров, име под кое минатиот месец го обвини Британија.

Британските власти го обвинија Петров и уште еден маж означен како Руслан Боришов дека со нервен гас „новичок“ во мартоваа година во Солсбери се обиделе да го отрујат Скрипал и неговата ќерка. Порталот минатиот месец го идентификува Боришов како полковник во ГРУ, чие вистинско име е Анатолиј Чепига.

Лондонската полиција одби коментар.