Шалтерот за објави во службеното гласило „Службен весник на РСМ“ од утре ќе биде преселен од зградата на Младинскиот културен центар во Инфоцентарот на ЈП Службен весник на Македонија, во Порта Буњаковец.

– Од утре, 30 јануари 2020 година, оваа услуга, објава во огласниот дел на службеното гласило, „Службен весник на РСМ“, граѓаните и правните лица ќе можат да ја реализираат само на шалтерот кој ќе биде сместен во просториите на Инфоцентарот на ЈП Службен весник на РС Македонија, кој се наоѓа во Порта Буњаковец, на бул. Партизански одреди број 23, информираат од ЈП Службен весник на РСМ.