Претседателот на Македонско-турската стопанска комора во Македонија (МАТТО), почесен конзул на Турција и сопственик на ТЦ Капитол мол во Аеродром и Хотел Хилтон во Скопје, Ајдован Адемовски ги купил 100 отсто акциите на Рамстор Македонија, дознава порталот 24 Инфо.
Рамстор, кој во Македонија започна со работа во 2005 година е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш, еден од најголемите ланци на маркети во областа на малопродажбата во Турција.
Рамстор ги нуди своите услуги во шест градови низ Македонија со вкупно 21 маркет и еден Трговски центар во Скопје со повеќе од 90 избрани продавници и брендови и сместен на простор во 25.000 метри квадратни.