Во Бондстил, американската воена база на Косово, утре (сабота) ќе биде извршено примопредавање на должноста командант и на чело на оваа база наместо досегашниот полковник Ник Дучиќ ќе биде полковник Рој Макарег.
Според податоците од американските медиуми и од неговиот профил на Линкдин, 45-годишниот Макарег пред стапувањето на должноста командант на бригада на Хаваите во 2017 година, во Националната гарда работел како контролор, односно главен финансиски менаџер и под негов надзор бил буџет од 16 милијарди долари.
Неговите родители во 80-тите години од минатиот век од Филипини емигрирале во хавајскиот главен град Хонолулу. Макарег првата воена функција ја имал во базата на американската војска Спирхед во Кувајт, потоа служел во Бирото на Националната гарда, а работел и во Пентагон, каде по добивањето на чинот полковник бил еден од петте заменици на Секретарот на војската во Министерството за одбрана на САД.
Макарег во Косово ќе биде командант на базата Бондстил кој може да прими 7.000 војници и е најголема американска воена база на Балканот.