Првите врнежи снег го парализираа функционирањето на надземниот транспорт во Њујорк. Влажниот снег и и силните налети на ветар кршеа гранки од дрва што го отежнаа сообраќајот.

Полицијата им препорача на луѓето да не излегуваат и да ги избегнуваат патиштата.

Поради лошото време, автобусите тешко стигнувале до централната автобуска станица на Мехнетн, што предизвикало голем метеж на станицата.

Доцнат и вонградските возови, а на мостот „Џорџ Вашингтон“ дошло до верижен судар.