Јани Макрадули = единица мерка за неспособност. И ти ли си зема од колачот, а? Дојде крајот А? Дојде време лично да ти се обратам.
ТИ Јани, беше тој кој ме подвлече со ЦРВЕНО во декември 2020, пред да примате поштари во велешката Пошта, иако година и половина (како поштар неосигуран) чесно и посветено работев за вашата фирма.
А Арен ви бев кога не сакаше никој да оди по ридовите, оти вашите сакаа работа во фотелји под клима и на топло!!!
Сум бил Левица, (читај неподобен) па брутално и ладно ме подвлече, оти така ти се може. Оти си дел од елитистичка и профитерска елита која неизлечиво боледува од глад за пари.
ТИ, Јани беше директор на АД ПОШТА додека шетавме на терен на дожд, ветер и снег неосигурани за бедни 15.000. Ама важно парите од пензии и социјално од кое земаше профит ти ги носевме осигурани. И ги сочувавме!!
Не е важен работникот Јани, ВАЖНИ СЕ ПАРИТЕ, НЕЛИ да останат живи. Така е во тој твој проклет материјален и профитерски свет. ТИ, ЈАНИ, ми уништи нови 15 месеци ЖИВОТ без да ми платиш стаж. Со стара и искината облека шетав носејќи писма презентирајќи го срамот на твојата фирма чиј директор беше.
СРАМ ТИ? – па јас веднев глава од туѓиот срам.
И покрај дописот од двата Синдикати на Пошта (и тој на СДС и оној на ДПМНЕ) дека имаат потреба од мене како посветен и добар работник (веројатно они најдобро знаат) ТИ, Јани ме подвлече со црвено. Одбра партиски полтрони од ДУИ и СДС, наместо посветени работници.
Ако, црвеното е карма. Се враќа и плаќа. ЕВЕ, ТЕ ПОДВЛЕКУВААТ И ТЕБЕ со црвено мил мој Јани. Те боли, а? Знам, сочувствувам со тебе, иако ти си далеку од тој емотивен капацитет на сочувство.
Мојот глас како поранешен поштар вработен под твојата неспособна рака е глас на сите поранешни мои колеги кои сироти молчат, додека чекаат некои од величествените од ДУИ или такви како тебе да се смилостиват и да им дадат пусто решение за да имаат каква таква сигурност од неверојатни 18.000 денари.
Дотогаш, парталави и неосигурани работнци ќе ти ја чуваат фирмата и парите, додека ВИЕ од естаблишментот се гоштевате и ја крадете Поштата.
Ти, Јани , беше заменик во министерство за животна средина кога лежевме со убави луѓе пред багери на Водно додека ти климаше со глава чекајќи ја смртната казна за светата планина на Скопјани. И тоа малку што го направи – го осакати.
Ти, Јани си темен пример, каков не треба да биде еден политичар. Носиш мрак наоколу.
Ах бре Јани , Јани… секогаш на различни страни сме биле јас и ТИ. Ти секогаш на погрешната, ама сега дојде време да појдеш на вистинската – на буништето и на СТРНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА. Ти посакувам долг и неутешен престој…
П.С. Ти си ОЧЕКУВАНО разрешен.
Фејсбук статус на Игор Смилев – Советник од Левица во Општина Велес и претседател на еко-здружението „Грин Пауер“