Владината одлука за санкции против Турција е неприфатлива и против македонските национални интереси, објави денеска Светскиот македонски конгрес (СМК).
– СМК ја отфрла Владината одлука за приклучување на Македонија кон санкциите на Европската Унија против Турција! СМК смета дека оваа одлука на Владата може да ги наруши одличните македонско-турски билатерални односи, стратешкото партнерство меѓу двете држави Македонија и Турција! СМК бара Владата да се огради од санкциите на Брисел против Анкара поради нејзините сондажни операции во потрагата по природен гас во слободната економска зона на Република Кипар. СМК укажува дека Македонија треба да се придржува на максимата „нема вечни пријатели, нема вечни непријатели, има вечни интереси“! Македонски национален интерес е да не се создаваат непријатели каде што нема потреба и да не се нарушува македонско-турското стратешко партнерство поради грчките интереси. Сите интереси на Брисел не се интереси на Македонците по род и државјанство, се вели во соопштението од СМК.