Утре ќе ја имам честа за првпат да ја претставувам РС Македонија како полноправна земја членка на НАТО, на состанокот на Северно-атлантскиот Совет (НАК) во формат на министри за надворешни работи, објави вечерва министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Заради рестриктивните мерки воведени по пандемијата на коронавирусот, состанокот ќе се одржи преку електронски систем на видео конференција. Во фокусот ќе биде токму битката против пандемијата, објави Димитров на Фејсбук.

Тој утре од Скопје виртуелно ќе „присуствува“ на министерскиот самит на Алијансата.