Едно момче починало од струен удар на станица на метрото во Берлин откако се обидело да ја земе својата електронска цигара која му паднала на шините, објави ДПА.

Берлинската полиција соопшти дека 17-годишникот бил дел од група на станицата „Дојче опера“ (Германска опера) и се обидел да ја земе својата електронска цигара (вејп) падната на шините под воз кој стоел.

Во обидот, тој ги допрел шините, по што добил струен удар и починал на самото место.

Портпаролот на германската полиција изјави дека возовите не се секогаш на шините, бидејќи понекогаш се привремено паркирани на станиците на метрото. Сепак, шините можат да останат под напон, што претставува ризик од струен удар доколку се допрат.

Фото: архива