Иран погуби човек обвинет за шпионажа за Израел. Активистите ги оспоруваат обвиненијата и велат дека бил мачен за да даде лажно признание.

Погубениот човек бил Бабак Шахбази, за кого се вели дека собирал и продавал класифицирани информации за иранските центри за податоци и безбедносни инсталации на Израел.

Сепак, активистите велат дека Шахбази бил приведен затоа што му напишал писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое му нудел помош.

Иран ја снабдува Русија со дронови што Москва ги користела за напад врз Украина.

Иранската група за човекови права предупреди дека Шахбази може да биде погубен.

-Пораката на Бабак до претседателот Зеленски, во која тој понудил помош во војната против Русија, била искористена како доказ за шпионажа за Израел, за која велат дека го научил Бабак да користи Мајкрософт Ворд“, соопшти групата. Иран не го потврди тврдењето.

Активистите го опишаа Шахбази како некој што понудил да се бори за Украина.

Иран не соопшти како Шахбази бил погубен, иако затворениците осудени на смрт обично се бесат.

Иран обеси осум лица обвинети за шпионажа по 12-дневната војна со Израел, што предизвика загриженост кај активистите за бран егзекуции.

фото: архива