Највисока стапка на смртност кај новороденчиња во ЕУ во 2019 година е регистрирана во Малта (6,7 смртни случаи на 1.000 живородени деца), Романија (5,8) и Бугарија (5,6). За разлика од нив, најнизок процент е регистриран во Естонија (1,6 смртни случаи), а потоа следуваат Словенија, Финска и Шведска (сите со по 2,1 смртни случаи на 1.000 живородени деца), покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.
Во 2019 година, околу 14.100 деца до едногодишна возраст починаа во ЕУ. Тоа е еднакво на смртност кај новороденчиња од 3,4 смртни случаи на 1.000 живородени деца, според Евростат.
Во текот на последната деценија, смртноста кај новороденчињата во ЕУ се намали за речиси 20 отсто, од 4,2 смртни случаја на 1.000 живородени деца во 2009 година, од 9,4 во 2010 година на 5,6 според најновите проценки.
Во споредба со 1961 година, смртноста кај новороденчињата драматично се намали: од 38,2 смртни случаи на 1.000 живородени деца. Намалена е во сите земји-членки на ЕУ, а најголем пад е забележан во Португалија (од 88,8 смртни случаи на 1.000 живородени деца во 1961 година на 2,8 во 2019 година), Романија (од 71,4 во 1961 година на 5,8 во 2019 година) и Хрватска (од 62,9 во 1961 година до 4,0 во 2019 година).
Во Македонија стапката на смртност кај доенчињата во 2019 изнесувала 5.6 умрени доенчиња на 1000 живородени деца.