Родини и пријатели и натаму го бараат 10 годишниот Петар кој исчезна пред два дена во Мариовско. Денеска проблем прават завеашните планински патишта кои се непроодни поради големиот снег.

Билјана Ристевска преку социјалните мрежи апелира за помош од надлежните, наведувајќи дека на местото нема никаква екипа.