Снежна бура го парализираше источниот дел на Канада, а на некои места снежната покривка достигна и до еден метар.
Поради невремето отежнат е сообраќајот, продавниците, училиштата и институциите се затворени, а има и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Во регионот Кап Бретон е прогласена вонредна состојба поради снегот.
Властите во најтешко погодената провинција Нова Шкотска ја повикаа армијата од соседните провинции Остров принц Едвард и Њу Бранзвик да го исчистат снегот.
фото: МИА архива