Според медиумот, последиците од снегот можат да засегнат повеќе од 100 милиони луѓе во многу држави од Мисури до Мејн. Во градовите Чикаго, Детроит и Кливленд има снежни виулици, а на југ, во Мемфис и Џексон има силни грмотевици.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо времено го забрани движењето на тешки товарни возила низ повеќе патишта во државата. Компанијата „Амтрак“ го ограничи сообраќајот на патнички и приградски возови денеска и утре поради лошите временски услови.