Голема зимска бура го погоди источниот дел на САД, при што загинаа најмалку осум лица.
Мешавина на дожд, снег и мраз вчера остави пустош од југот до до североисточниот дел на САД, а десетици илјади домови останаа без електрична енергија.
Поради бурата затворени се училиштата, градскиот превоз доцни, а се откажуваат и летови.
– Во одредени делови на Пенсилванија и Нова Англија снежната покривка изнесува од 15 до 30 сантиметри, соопшти Амерканската метеоролошка служба.
Во Индијана, Кентаки, Охајо, Западна Вирџинија, Вирџинија, Пенсилванија и Њу Џерси околу 389.000 корисници останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, снег и смрзнат дожд се очекува во централниот дел на Апалчките Планини кон североисток. А, исто така, снег ќе паѓа и во северниот дел на Среден Атлантик и во државите во североисточниот дел на САД.